Ракометарите на скопски Металург извојуваа значајна победа на гостувањето во Битола против Еурофарм Пелистер 2 и останаа во трка за место во Европската лига на ЕХФ.
Составот од Автокоманда славеше со 31-34 (15-19) во вториот натпревар од 10. коло на плеј-офот на Суперлигата.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Петровиќ и Јован Талевски со по осум гола, а во тимот на Металург позитивен натпревар одиграа Хорват со дванаесет и Калуѓеровиќ со шест погодоци.