Данската ракометна звезда Михаел Хансен по завршување на Светското првенство во ракомет одлучи да се повлече од терените и да направи пауза.
Причината за ваквиот потег на еден од најдобрите ракометари на денешницата беше стресот, кој го натера Хансен да ја прекине кариерата.
Данскиот Алборг најави дека на подготовките закажани за во четврток ќе се појави и данскиот репрезентативец.
Хансен се чувствува одлично, и физички и ментално, па ќе биде во можност да продолжи да го прави она што го сака, а тоа е играње на ракомет.