недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Михаел Хансен се враќа во Алборг за следната сезона

Михаел Хансен се враќа во Алборг за следната сезона

Еден од најдобрите светски ракометари Микел Хансен замина на принуден одмор од ракометот поради психички стрес и по неколку месеци повторно се враќа на ракометните терени.

Шутерот моментално е член на Алборг, но данскиот клуб нема да може да смета на Хансен до крајот на актуелната сезона.

Данскиот репрезентативец ќе го продолжи одморот за психички комплетно да заздрави, а ќе се приклучи на тренинзите за стартот на следната сезона.

Истовремено, од Алборг побараа поддршка за Хансен и медиумски и побараа приватност за него и неговото семејство од страна на новинарите.