Михајло Михајловски повеќе не е претседател на СЕХА, а неговото место на чело на регионалната лига ќе го преземе Божидар Ѓурковиќ од Србија, како што беше објавено на официјалната страна.
Синиша Остојиќ од Хрватска ќе остане директор и во следниот мандат, додека Марјан Начевски ќе биде комесар на лигата, а место во Управниот одбор имаше и за првиот човек на Пелистер, Зоран Стерјев, додека Михајловиќ ја добие титулата почесен претседател.
„Сакам да ви се заблагодарам на сите за 10 години успешна соработка. Горд сум на претходните години и убеден сум дека СЕХА има светла иднина. Лично, мислам дека е време да му ја предадам позицијата претседател на Божидар Ѓурковиќ за кој верувам дека ќе продолжи по вистинскиот пат“, кажа Михајловски.