сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Мирко Радовиќ промовиран во Ловќен

Мирко Радовиќ промовиран во Ловќен

Мирко Радовиќ спогодбено го раскина договорот со Еурофарм Пелистер и се врати во Црна Гора каде ќе игра и настапува за екипата на Ловќен од Цетиње. Клубот веќе се пофали со аквизицијата на црногорскиот репрезентативец, кој доаѓа како големо засилување во Ловќен.

„Тешко некој можепе да замисли дека дваесет дена по освојувањето на титулата како капитен на Еурофарм Пелистер, Мирко Радовиќ ќе се пресели во Ловќен за следната сезона. Ние верувавме, зборувавме и бргу се договоривме. Горди сме за нашата заедничка приказна во Ловќен, која ништо не можеше да ја расипе, ниту предизвикот во Лигата на шампионите“, напишаа од клубот.