Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски даде свој коментар за тоа како го виде овој прв наш меч на ЕП кој се одигра вечерва во Дебрецен.
“Мислам дека одигравме релативно добар меч, сепак пресудини беа техничките грешки, за ваков меч на ЕП беа премногу. Почетокот беше одличен, потоа Словенија направи серија, тука требаше да го издржиме притисокот. Пропуштивме голема шанса, сметам дека Словенците беа во грч. Мислам дека се изненадија дека можеме добро да одиграме без Лазаров.Лазаров требаше да игра можеби 20 минути, но ние ја подготвуваме оваа репрезентација. Се виде дека младите имаат квалитет, одиграа коректно, на чело со Томовски. Реков грешките беа пресудни“ истакна Миркуловски.