Ракометарот Марко Митев го имаше својот камбек во репрезентативниот дрес, а младиот бек постигна и еден погодок против Португалија.
Според Митев, пресуден фактор бил заморот во македонската репрезентација во завршните десетина минути, во кои противникот се одлепи и на крајот славеше со шест гола разлика.
„Мислам дека заморот не стигна во самиот финиш. Да не заборавиме дека ние до пет-шест минути до крајот бевме во егал меч со навистина квалитетен противник. Тие имаат ракометари кои настапуваат во многу подобри клубови од нас, а ние им париравме во голем дел од мечот. Да не се заборави, ние сме млада репрезентација и со тек на времето би требало се да дојде на свое место, да играме подобро и да победуваме на вакви натпревари“, истакна Митев.