Деби-повик во сениорската машка ракометна репрезентација доби младиот среден бек, Марко Митев. Ракометарот на Бутел нагласи дека е огромна чест и задоволство што се најде во изборот на Лазаров.
„Огромна чест и гордост е да се биде дел од најдоброто од ракометна Македонија. Сметам дека тоа го посакува и кон тоа се стреми секој кој решил да му се посвети на ракометот. Да се биде дел од националниот тим и да се бранат боите на Македонија е исклучителна гордост и сон на секој спортист. Тоа што сум сега овде на 18 години ме прави да бидам не само горд Македонец, туку претставува и мотив плус за уште повеќе да работам на себе, да учам од поискусните и секако да дадам се од себе да одговорам на задачите најдобро што можам. На овие подготовки ја имам токму таа можност. Ние овде сме како едно семејство. Напорно работиме и сите имаме иста цел – успех на нашата ракометна репрезентација. Условите за работа во Маврово се фантастични за што е заслужна нашата федерација“, започна Митев.
foto: gol.mk