Maкедонската младинска репрезентација го запиша вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија, денес подобри од нашите ракометарки беа Србинките со 29:30.
На полувреме Македонија водеше со четири гола 13:17, меѓутоа во вториот дел вратена беше неизвесноста и во последните моменти од натпреварот се влезе со 29:29.
Србија во последната секунда погоди за победа од 30:29. Во редовите на Македонија најефикасна беше Јанкуловска со седум гола, додека Младеновска постигна шест.