недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Мукаетов со честитки: Браво момци! Напред Македонија!

Мукаетов со честитки: Браво момци! Напред Македонија!

Вечерва во Ван, нашите момци ја совладаа Турција со 27-36 и заверија четири бода, кои ги носат на чекор до пласман на континенталното натпреварување.

Најголемиот поддржувач на репрезентативците и во порази и во победи, секогаш е првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Се радува на големите победи, тагува во поразите, но секогаш знае како да ги бодри и мотивира сите кои го носат националниот дрес.

Мукаетов, кој е заедно со ракометарите во Ван, се огласи на „Инстаграм“ профилот, им ја честиташе победа на репрезентативците. На дело виде дека со право верува во она што се гради, новата Македонија ќе го задржи континуитетот на учества на големи натпреварувања.