петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Начевски и Николов добиваат парична награда од РФМ за мундијалската арбитража

Начевски и Николов добиваат парична награда од РФМ за мундијалската арбитража
Referees at the Men’s EHF EURO 2020 Sweden, Austria, Norway - Final weekend -Final, Spain vs Croatia, Tele2 Arena, Stockholm, Sweden, 26.1.2020, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Собранието на Ракометната федерација (РФМ) одлучи да ги награди судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, за нивната арбитража во финалето на Светското првенство во Полска о Шведска.

Македонските судии ја имаа огромната чест да ја делат правдата во едно финале на ракометен Мундијал, а претседателот на федерацијата, Живко Мукаетов, предложи двајцата да бидат наградени со по 1.000 евра.

Делегатите на собранието гласаа и ја потврдија одлуката на претседателот. Македонија имаше свои претставници во финалето на Светското првенство, а Начевски и Николов добија одлични оценки за начинот на кој го „судеа“ натпреварот за светската титула.