По успешно завршената групна фаза на „Шпаркасен Купот“ во Германија, машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го дозна противникот во полуфиналето на овој квалитетен турнир.
Победите на Холандија и Австрија беа доволни за младите избраници на Раде Стојановиќ да се пласираат меѓу најдобрите четири селекции, а битка за финале ќе водат против селекцијата на Исланд, која што со триумфите над Египет и Швајцарија заврши на лидерското место во другата група.
Полуфиналето меѓу Исланд и Македонија е закажано за утре од 12:30 часот, а во случај на триумф големото финале би го играле од 20:00 часот.
Македонија во првото коло беше подобра од Австрија со 25-23, а по поразот од домаќинот Германија, во третото коло беше убедлива со Холандија (27-21).