Францускиот ракометен клуб Нант успеа да дојде до тешка победа против хрватскиот ППД Загреб од 30-28 во натпревар од Лига на шампиони ва меч на кој настапи новиот македонски селектор воедно и капитен Кире Лазаров .
Кирил Лазаров мечот го заврши со три постигнати голови, иако во текот на целиот натпревар извонредно ги разигруваше соиграчите.
Ривера беше најефикасен кај Нант со 10 голови, а на спротивната страна, Мандиќ и Хрстиќ постигнаа по пет погодоци тим кој го предводеше поранешниот селектор на Македонија,Ивица Обрван.
Загреб го забележа дванаесеттиот пораз од исто толку натпревари во групата, додека Нант стигна до петтата победа.