сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Навивачи ќе има на ракометната завршница во Келн

Навивачи ќе има на ракометната завршница во Келн

Европската куќа на ракометот најави дека фајнл-фор завршницата во Келн ќе се игра пред публика.

Првичниот план беше на трибините да има 500 навивачи, но челниците на ЕХФ ја променија одлуката.

Вкупно 1.000 луѓе ќе имаат шанса од лице место да го гледаат ракометниот спектакл. На Ф4 завршницата ќе биде и Кирил Лазаров, со неговиот Нант во полуфиналето ќе се сретнат со Барселона, во вториот меч силите ќе ги одмерат ПСЖ и Алборг.