сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Неагу испиша историја на ЕП во Скопје

Неагу испиша историја на ЕП во Скопје

Најдобрата романска ракометарка Кристина Неагу ја испиша историјата на Европските првенства во машка и женска конкуренција. На неверојатната Романка и беа потребни два гола за да стане најдобар стрелец на сите времиња на ЕП и тоа го направи на импресивен начин – постигна девет против Црна Гора во поразот на својата репрезентација со 35:34.

Така Неагу стигна до бројката од 296 погодоци, а зад себе ги остави Исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон (288), Французинот Никола Карабатиќ (279) и Данецот Микел Хансен (260). Топ-пет листата ја затвораат две ракометарки со 205 гола – Црногорката Јованка Радичевиќ и Унгарката Агнес Фаркаш.

Романката четирипати беше прогласуван за најдобра ракометар во светот (2010, 2015, 2016, 2018).