Некогашниот репрезентативец на Македонија и екс член на Вардар, Немања Прибак остатокот од новата натпреварувачка сезона ќе го помине во Израел.
Искусниот ракометар, кој во последните две сезони настапуваше за српскиот шампион Војводина, е најновото засилување во амбициозниот тим од Израел, Хапоел Ришон Ле Зион.
Трансферот на Прибак во израелскиот тим е изненадувачки, бидејќи 38 годишниот ракометар требаше да остане во клубот од Нови Сад и во следната сезона, но добрата финансиска понуда од Хапоел Ришон Ле Зион беше пречина да се премисли и да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.