понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Неуромедика – повеќе од медицински партнер на РК Вардар

Неуромедика – повеќе од медицински партнер на РК Вардар

Во време кога РК Вардар почнува нова приказна, отвора нова страница од својата богата и долга спортска историја, и тргнува во испишување на резултати што треба да донесат враќање на клубот онаму каде припаѓа, се проширува и зголемува и бројот на клупските поддржувачи, помагатели и пред се спортски и бизнис пријатели. Се потврдува дека РК Вардар е спортски бренд, и тоа го препознаваат многу компании во Македонија.

Во следниот период партнер на РК Вардар ќе биде Неуромедика – првиот приватен медицински бренд во Македонија. Д-р. Емил Угриновски, Генералниот менаџер на Неуромедика и Борко Ристовски, Извршниот директор на РК Вардар ја официјализраа соработката со која Неуромедика ќе биде и многу повеќе од медицински партнер.

” Драго ми е што брендот Неуромедика го препозна се она што го правиме изминатиов период за стабилизиранје и вракање на Вардар онаму каде што припаѓа и сигурен сум дека со ова сме уште еден чекор поблиску до нашата цел, изјави Борко Ристовски, Извршниот директор на РК Вардар.

Неуромедика ќе се грижи за здравјето на нашиот спортски колектив, и истовремено ќе биде соработник кој треба, и ќе придонесе за постигнување на врвни резултати. Ќе помогне во насочување на спортистите кон целосна посветеност на целта – постигнување врвни резултати. Болницата која е позната како голем спортски поддржувач реши за свој партнер на ова поле да го одбере РК Вардар.

„Ми претставува огромна чест и задоволство што ние како Неуромедика ќе бидеме дел од клуб како што е Вардар и веруваме дека со оваа наша соработка ќе го издигнеме Вардар на уште повисоко ниво и оваа позитивна иницијатива која што се случува во нашиот град, а е поврзана со Вардар ќе ги даде очекуваните резултати, изјави Емил Уриновски, генералниот менаџер на Неуромедика.

Професионалниот кадар на Неуромедика ќе биде на 24 часовна медицинска услуга, што е дел од нивното портфолио, и истовремено нивна екипа ќе биде на сите натпревари што РК Вардар ќе ги игра како домаќин.

РК Вардар останува со својата мисија, да биде посакувано место на сите ракометари, и тим што секогаш се стреми кон високи резултати. Новите пријатели кои се приклучија на вардаровото семејство сезонава покажува дека клубот се движи во вистинска насока. Резултаите ќе бидат вистински плод на исполнување на нашите цели и на нашата посветеност.