вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Никола Карабатиќ нема да игра до крајот на сезоната

Никола Карабатиќ нема да игра до крајот на сезоната

Француската ракометна звезда Никола Карабатиќ нема да игра до крајот на сезоната иако поминаа трите месеци кои беа најавени како период за негова рехабилитација од повредата.

Еден од најдобрите ракометари во историјата боледуваше од воспаление на површните вени (флебитис) на десната нога.

Најавата беше дека 39-годишникот ќе отсуствува три месеци, но според последните информации, нема да игра до крајот на сезоната.

Карабатиќ ја одржува формата индивидуално, но од лекарите уште му е забрането да тренира колективно. Додатни проблеми за него создаваат и болките во левото стапало поради чија повреда го пропушти крајот на СП во јануари оваа година.