недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Никола Карабатиќ за огромна сума на пари се сели во Саудиска Арабија

Никола Карабатиќ за огромна сума на пари се сели во Саудиска Арабија

Саудиска Арабија е во центарот на внимание на фудбалската јавност по баснословните суми што ги нуди на фудбалерите, а веќе станува и на ракометната јавност.

Најпрво го купија Андре Гомеш од Мелсунген, и беше најавено дека ќе заработува 600.000 евра годишно, иако според нашите информации целиот трансфер чинеше „само“ 300.000 евра.

Потоа се појавија информации дека Петар Ненадиќ има понуда за трансфер во Саудиска Арабија, па бомбастични најави за ангажман на Микел Хансен и Никола Карабатиќ. За двајцата ракометари понудена е неверојатна сума од 6 милиони евра по сезона.