Францускиот ракометар Никола Карабатиќ, размислува за пензија на крајот од сезоната. За тоа во изминатиот период пишуваше француски „Ле Парисиен“.
„Конечната одлука ќе ја донесам многу брзо. Ќе го известам и клубот за да има време да најде замена“, кратко прокоментира Французинот.
Наводно, искусниот среден бек смета дека направил доволно и дека е време да се прости од ракометот. Тоа значи дека Карабатиќ нема да го предводи националниот тим за време на Летните Олимписки Игри во Париз 2024 година.
Во дресот на француската репрезентација има постигнато 1.238 гола на 324 натпревари. Тој важи за еден од најдобрите и најуспешните ракометари на сите времиња.