петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Николај Јакобсен: Одамна не ми се случило да загубам на ваков начин

Николај Јакобсен: Одамна не ми се случило да загубам на ваков начин

Светскиот првак Данска доби ракометна лекција од нашата репрезентација на чело со новиот селектор Кирил Лазаров .

Поразот го призна и селекторот на гостинската селекција Николај Јакобсен кој рече дека не се сеќава на ваков меч откако е дел од данската репрезентација.

„Не бевме подготвени за ова. Направивме многу грешки во нападот и пропуштивме многу шанси за да победиме во Скопје. Со репрезентацијата сум долго време, одамна не ми се случило да загубам на ваков начин. На реваншот мора да покажеме поголема храброст“, рече данскиот селектор.

Данците загубија првпат по девет меча во низа.