Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за двата натпревара што Македонија ќе ги игра против Украина во баражот за пласман на Светското првенство (СП) годинава во Норвешка, Данска и во Шведска.
На првиот дуел во Скопје, на 8 април (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“, правдата ќе ја делат словачките судии Борис Чипов и Зоран Клус.
На реваншот во унгарскиот град Кишварда, на 11 април (17 ч.), судиската арбитража им е доделена на Австријките Ана Врањеш и Марлис Венингер.
Вкупниот победник на двата натпревара патува на СП 2023. Македонија досега пет пати настапила на СП, претходен пат во Франција во 2007 (12. место), а најдобриот пласман го оствари во Германија, во 1997 година, на седмото место. Украина седум пати досега била дел од мундијалите, најдобриот пласман ѝ е четвртото место во Хрватска во 2003 година.