Никола Карабатиќ, репрезентативецот на Франција и еден од најдобрите ракометари во историјата на овој спорт и натаму ќе го носи дресот на ПСЖ. Ова денеска и официјално го објавија од раководството на клубот од Париз каде што тренер е Раул Гонзалез, екс селектор на Македонија и некогашен стратег на Вардар со кого во 2017 година ја освои титулата во Лигата на Шампионите.
Карабатиќ дресот на ПСЖ ќе го носи до 2023, така стои во новиот договор, и ќе се обиде во овој период конечно да му ја донесе титулата европски првак на најбогатиот ракометен клуб во овој момент.
Инаку Францускиот репрезентативец во Париз е од 2015 година, а претходно беше член на Барселона, Кил, Монпелје…