сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Никлас Ландин се договори со дански Алборг!

ОФИЦИЈАЛНО: Никлас Ландин се договори со дански Алборг!

Најдобриот голман на светот, Никлас Ландин од следното лето во 2023 година ќе го брани голот на Алборг. Иако Данецот имаше активен договор со Кил до 2025, вицепрвакот на Европа успеа да го привлече во своите редови.

Ландин има 33 години, член е на Кил од 2015 година, а со него успеа да освои многу трофеи. Сепак, откако беше официјализиран потписот на четиригодишен договор, данскиот голман нагласи дека е среќен и смета дека Алборг е вистинската одлука за него.

„Минав одлични години во Германија, но мислам дека најдобро за семејството е враќање во Данска. Покрај тоа, Алборг има одлични амбиции, па така беше перфектна одлука. Ги следев нивните настапи во изминатиот период, а гостував и во фантастичната атмосфера во „Шпаркасен Арена“. Импресиониран сум, навистина едвај чекам да станам дел од проектот“, изјави Ландин.

Ова ќе биде кам-бек во родната Данска по пауза од единаесет години. Кариерата на Ландин започна во ГОГ Гудме, па преку Силкеборг дојде до трансфер во Рајн Некар Левен.

Алборг припрема неверојатен тим. Соиграчи на Ландин во данскиот првак ќе бидат Микел Хансен, Арон Палмарсон, Кристијан Бјорнсен и Јеспер Нилсен.