Maкедонскиот ракометен тренер Данило Брестовац и официјално е претставен за нов селектор на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Поранешниот предводник на нашиот национален тим замина од Тиквеш на неколку кола пред крајот на сезоната и се реши за нов интернационален предизвик.
Брестовац во ОАЕ пристигна уште пред неколку дена и се запозна со новите соработници во оваа федерација по што беше промовиран во селектор на оваа селекција.