Во пресрет на завршницата во плеј-офот и разврската во шампионската титула во машкиот и женски ракометен шампионат, познат е и градот кој ќе биде домаќин на овосезонскиот Ф4 турнир во Купот на Македонија.
Охрид и салата „Билјанини Извори“ од 11 до 13 мај ќе бидат домаќини на завршницата и „фајнал-фор“ турнирите во машка и женска конкуренција..
Охрид оваа сезона веќе беше домаќин на ракометен спектакл, откако беше организатор на ракометниот Супер Куп.
Кај мажите во битката за трофејот се Вардар 1961, Алкалоид Еурофарм Пелистер и Пролет. Од друга страна, кај дамите ќе се судрат ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Металург, ЖРК Вардар и ЖРК Куманово. Вардар 1961 и ЖРК Металург се бранители на титулите од минатата сезона.
Засега не се познати двојките во полуфиналињата на завршните турнири. Ракометната федерација на Македонија ќе ја одржи ждрепката за истите во наредниот период пред турнирите.