На прес-конференцијата романскиот селектор Чави Пасквал изјави:
„Честитки за Македонија. Мислам дека игравме добро петнаесет минути, но во последните петнаесет минути потфрливме, немавме искусни ракометари за ваков тип на натпревари. Македонија беше подобра, но резултатот не кореспондира на реалниот одраз на силите. Ни следи возвратниот натпревар во Букурешт и мора да се поправиме“.