Исландскиот ракометар Арон Палмарсон, го напушта данскиот Алборг на една година пред истекот на договорот. На свое барање и од приватни причини, поточно дека неговите деца почнуваат на училиште, 32-годишниот исландски лев и централен бек реши да стави крај на меѓународна кариера и по 14 години откако пристигна во Кил од Исланд како најперспективен играч на планетата, повторно да се врати дома, попрецизноќе се врати во матичниот клуб Хафнафјердур на Исланд.
Од првиот ден бев среќен што сум дел од еден ваков проект. Во идеален свет би бил тука и следната сезона, но понекогаш животот те принудува да промениш некои работи. Затоа решив да се вратам на Исланд следното лето по долги години во странство. Драго ми е што клубот ја разбира мојата ситуација, а јас само треба да дадам се што можам за да освојам некои трофеи до крајот на сезоната – изјави Палмарсон