сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Парондо го напушти селекторското место во Египет

Парондо го напушти селекторското место во Египет

Поранешниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо го напушти селекторското место во ракометната репрезентација на Египет. Тој пред два дена го освои Африканскиот куп со репрезентацијата на Египет, а веднаш потоа објави дека финалето против Зеленортски острови беше последно за него на клупата на „фараоните“.

Тој ќе се посвети на работата во германскиот бундеслигаш Мелзунген кој го презеде во септември минатата година. По финалето на Парондо му бил понуден нов договор со плата пониска за една третина и со клаузула која вели дека ќе треба да плаќа пенали ако сака да си замине од позицијата. Тој не ја прифатил, па во иднина ќе биде дел само од бундеслигашот.

Парондо ја освои титулата во Лигата на шампионите со Вардар во 2019 година.