Вардар со комбиниран тим во кој беа вклучени играчи што најчесто добиваат помала минутажа без проблеми ги освои бодовите на средбата од СЕХА лигата против Војводина. Тренерот Роберто Парондо беше задоволен од играта на сите на кои им укажа доверба.
„Црвено-црните” триумфираа со 33:26 и ја забележаа петтата победа сезонава во регионалното натпреварување.
– Одигравме добар натпревар против Војводина. Задоволен сум од сите кои добија шанса, бидејќи тие завршија многу добра работа, а тоа се играчите кои не играа многу против Веспрем. Среќен сум за нив, бидејќи тоа е она што го сакавме, изјави Парондо.
Во сабота Вардар е домаќин на мечот на колото од Лигата на шампионите против Рајн Некар
МИА