Чави Пасквал, селекторот на машката раометна репрезентација на Романија, ги откри „картите“ за дуелот со Македонија за првиот меч од баражот за пласман на светското првенство во 2023 година.
Шпанецот на клупата на Романија објави листа од 22 ракометари. Подготовките на Романија ќе започнат на 11 март, натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра на 17 март во Скопје, додека реваншот е во Букурешт на 19 март.
Список на Романија:
Голман: Александру Букатару (ЧСМ Букурешт), Јонут Јанку (Стеауа) и Дан Василе (Констанца),
Пивоти: Адријан Ротару (ЧСМ Букурешт), Калин Деду (Динамо Букурешт) и Габрил Димитриу (Потаиса Турда).
Крила: Сабин Константина (Стеауа), Валентин Јонеа, Никусор Негру (Динамо Букурешт) и Роланд Талмајер (Потаиса Турда)
Бекови: Кристијан Гита (Потаиса Турда), Андреј Бузле, Калин Кабут (Баја Маре), Едуард Јордаче (Бакау), Роберт Милитару, Дан Ракоцеа, Октавијан Бизау (Динамо Букурешт),Јанус Димитреску (Темишвар), Габриел Бурлаку (Стеауа), Габриел Кумпаник (Васлуи), Александру Шимицу (Сен Рафаел), Демис Григорас (Бенфика)