Пелистер 2 ќе се врати поразен од гостувањето кај Алпла Хард, во првото коло од квалификациите во Европската лига, но впечаток не е толку лош, бидејќи резултатот гласи 24-21, што значи на реваншот во Битола, на 4 септември, потребна ќе биде победа од четири разлика (или три со помалку голови), за пласман во следната рунда.
Филип Арсеновски со по пет гола, при тоа пивотот имаше само едно промашување. Кај противниците, Докниќ нанижа 11 одбрани, шест повеќе од двајцата голмани на Пелистер 2, Јовановски и Печурица.
Реваншот е идната сабота во Битола, а на Пелистер 2 му треба победа од четири разлика за пласман во второто квалифиакциско коло или, пак, со три разлика, но со помалку од 45 постигнати гола и на двете страни.