Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја почнаа сезоната со убедлив триумф против Скопје од 32-17, додека Еурофарм Пелистер 2 успеа да слави против Тиквеш од Кавадарци со 28-23.
Најдобар во победничкиот состав беше Ненад Костески со шест гола, додека Леонид Киселовски погоди четири пати за Скопје.
Еурофарм Пелистер 2 беше подобар од Тиквеш со 28-23, откако и во првиот дел од натпреварот доминираше битолската екипа, а најдобар стрелец во триумфот беше Ивановски со осум гола, додека Симиќ за гостите запиша седум погодоци.