вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пешевски е МВП на турнирот во Струга, Лесјак најдобар голман – Талески најдобар стрелец

Пешевски е МВП на турнирот во Струга, Лесјак најдобар голман – Талески најдобар стрелец

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски е избран за МВП играч на 50. јубилејно издание на турнирот во Струга.

Новото засилување на битолчани покажа најконстантна форма на турнирот и заслужено го доби признанието. Три од четирите трофеи што се доделија ги добија битолчани.

Покрај Пешевски, со трофеј заминува и голманот Урбан Лесјак кој беше еден од позаслужните за триумфот на пенали на Еурофарм Пелистер против Целје. Со 24 постигнати гола најдобра стрелец е Филип Талески од Вардар. а во негово отсуство наградата ја прими тренерот Владо Недановски.