сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Петар Ѓорѓиќ останува во Бенфика до 2025 година

Петар Ѓорѓиќ останува во Бенфика до 2025 година

Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Бенфика, ги продолжи договорите со двајца ракометари.

Најдобриот стрелец во Лигата на Европа минатата сезона, Петар Ѓорѓиќ ќе остане уште три сезони, откако ја продолжи соработката до 2025 година.

Од 2019 година кога пристигна во Бенфика, Ѓорѓиќ стана најдобар стрелец во клубот со 743 постигнати погодоци на 117 натпревари.

Покрај Ѓорѓиќ, соработката ја продолжи и голманот Сергеј Ернандес, кој ќе остане и во следната сезона.