Унгарскиот вицепрвак Веспрем соопшти дека е раскинат договорот со српскиот ракометар Петар Ненадиќ.
Ваквата одлука на раководството на Веспрем беше очигледна, откако клубот информираше дека против Ненадиќ е започната дисциплинска постапка.
Според пишувањата на српски „Журнал“, довчерашниот член на Веспрем имал несогласувања со неговиот сонародник и актуелен тренер Момир Илиќ.