четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Петар Ненадиќ се сели во Саудиска Арабија

Петар Ненадиќ се сели во Саудиска Арабија

Српскиот ракометар Петар Ненадиќ замина во Саудиска Арабија и потпиша договор со тимот на Ал-Кали.

Новиот клуб на еден од најдобрите леви бекови во ракометната историја е основан во 1978 година, еден од најпопуларните во блискоисточната земја, што го докажа со куповите на домашно и меѓународно ниво.

Ал-Кали сака да биде посилен, поради што го ангажираше поранешниот српски репрезентативец по неговата авантура во Пари Сен Жермен.

Што се однесува до финансиските детали од соработката, тие се неверојатни. Петар Ненадиќ потпиша договор до 2025 година, а годишно ќе заработува 600.000 евра. Покрај загарантираната плата, тој договорил и разни бонуси.

Ненадиќ со својот нов клуб ќе настапи на неофицијалното Светско клупско првенство кое што од 5 до 12 ноември ќе се одржи во Дамам