Македонскиот претставник РК Алкалоид на меѓународниот турнир во Нант (Франција) на претпоследната пречка триумфираше со 23:20 против шпанскиот состав на Понтеведра.
А во големото финале пионерите на РК Алкалоид во еден драматичен финиш триумфираа против Хихон од Шпанија.Алкалоид на овој турнир одигра вкупно седум натпревари и победи на сите мечеви.
Во согласност со определбите на ракометниот клуб идејата е на своите играчи, вклучително и на најмладите, да им се обезбеди врвни услови за тренинг и за напредок