понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

По ЕХФ, втор удар на Вардар

По ЕХФ, втор удар на Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја освои шампионската титула и двојната круна минатата сезона, но новата ќе биде навистина многу тешка, бидејќи покрај ударот од ЕХФ,  пристигна веста и дека ќе изоистане поддршката од Градот Скопје.

Скопската ракометна гордост е во тешка финансиска ситуација поради долговите од претходната гарнитура предводена од Сергеј Самсоненко и поради тоа доби забрана за играње во Европа, епилог кој направи да видиме и заминување на една од легендите на тимот, Тиму Дибиров.

Играчот кој ги освои двете шампионски титули во Европа со тешко срце си замина од македонската престолнина, а дека пред газдата Михајловски е навистина тежок период дознавме и од последната седница на Град Скопје.

Советникот Гордан Шутаров ја нагласи големината на Вардар како ракометен колектив и важноста која ја има за цела спортска јавност, па иако го замоли Советот да му даде финансиска инјекција на клубот од 10 милиони денари, предлогот беше одбиен.

Со 15 гласа „За“, 13 воздржани и 3 против предлогот беше тргнат од дневниот ред.