понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Победа над Турција за второ место и пласман на уште едно ЕП

Победа над Турција за второ место и пласман на уште едно ЕП

Машката ракометната репрезентација на Македонија денес го игра последниот натпревар од квалификациите за следното Европско првенство, кое што во јануари 2024 година ќе се игра во Германија.

Завесата од групата 1 ќе биде спуштена во Скопје, каде во салата „Борис Трајковски“ на нашите најдобри ракометари ќе и гостува селекцијата на Турција.

Македонија веќе го обезбеди својот пласман на континенталниот собир, но тоа не значи дека вечерашната средба е без резултатски притисок.

Момците на Кирил Лазаров ќе атакуваат на победа, која што ќе им го потврди второто место во групата кое носи пласман во третиот шешир за ждрепката што ќе се одржи на 10 мај.

Овој натпревар ќе биде посебен за еден од нашите најстандардни и долгогодишни репрезентативци. Гоце Георгиевски вечерва за последен пат ќе го носи дресот на Македонија и заминува во заслужена репрезентативна пензија.

Ракометарот на Вардар долги години беше незаменлив на десната крилна позиција, која сега ќе има ја отстапи на своите помлади колеги.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција започнува од 18:00 часот.