Од светот на ракометот доаѓа уште една тажна вест. На 40 години почина рускиот десен бек Алексеј Григорјев, пишува „Брз Центар“.
Станува збор за поранешен ракометар на Бутел Скопје, кој играше во сезоната 2018/19. Григорјев, за жал не успеа да ја добие најважната битка, по кратко боледување и подлегна на тешката болест.
Тој својата кариера ја почнал во Динамо Астрахан, играл за Нева Санкт Петебург, а покрај Бутел Скопје ги носел и дресовите на Мешков Брест и Мотор Запорожје.
ФОТО: РК Бутел Скопје