Од денеска стартуваше продажбата на влезници за натпреварите на машкото Европско првенство кои ќе се играат во Унгарија, додека во текот на следната седмица ќе биде отворена можноста за купување на влезници и за натпреварите во Братислава.
Има две можности за купување на влезници, а тоа е поединечно или во пакет. Поединечно значи за секој натпревар може да се купи различен билет, додека во пакет одат сите три дена од првата фаза, а натпреварите се играат на 13, 15 и 17 јануари.
Доколку влезницата се купува поединечно по натпревар тогаш најевтината чини околу 14 евра, додека најскапата која носи и најубаво место е 34 евра. Има опции и за 20 и 25,5 евра.
Можноста за три влезеници во пакет за трите дена носи и поевтина цена кога ќе се соберат поединечно трите дена. Доколку купите пакет тогаш најевтиниот е 38 евра. Потоа има опција за 53,5 и 69 евра, додека најскапата варијанта е 92 евра.
Македонија отвора на 13 јануари против репрезентацијата на Словенија од 18 часот. Два дена подоцна противник е Црна Гора исто така од 18 часот, додека на 17 јануари е последниот дуел против Данска. Тој се игра со почеток во 20:30 часот.