понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Половина Киелце ќе се пресели во ПИК Сегед

Половина Киелце ќе се пресели во ПИК Сегед

Според пишувањата на унгарскиот „Еурспорт“, дури шестмина ракометари на полскиот Киелце и тренерот Талант Душебаев ќе се преселат во ПИК Сегед ова лето.

Финансиските проблеми на Киелце, кои очигледно нема да бидат решени, барем не до предвидениот рок, се повеќе ги зголемуваат шансите за егзодус и заминувања на голем број ракометари.

Во ПИК Сегед би требало да се пресели Талант Душебаев кој ќе го замени Хуан Карлос Пастор, а во пакет и неговите синови – Алекс и Даниел. Десниот бек би го заменил Кент Робин Тонесен, додека Даниел би ја зголемил конкуренцијата со Мачковшек, Мартинс и Бодо на левата и средна бековска позиција.

Покрај триото Душебаеви, во ПИК Сегед би требало да оди и голманот Андреас Вулф, но само една сезона, бидејќи од 2024 ќе оди во Веспрем како замена за Владимир Цупара.