Легендарниот десен бек Марцин Лијевски ќе биде промовиран како нов селектор на Полска, пишува „ТВП Спорт“.
Лијевски остана без работа по заминувањето од Горњик Забже, каде што беше три сезони и сега е слободен да ја преземе функцијата од Бартош Јурецки, кој го наследи Патрик Ромбел.
Полјаците по лошиот настап на СП и 15 место се решија за промени, но по отказот за Ромбел, неговиот асистент Јурецки остана да ги доврши квалификациите за ЕП 2024 година.