Maкедонија после 14 години повторно ќе игра на еден голем турнир, Европското првенство е се поблиску, па така и возбудата помеѓу ракометарките.
Нашата селекција ќе игра во група со силни репрезентации како Холандија, Франција и Романија. Пред почетокот не гледаат како тотален аутсајдер во групата, меѓутоа нашите девојки секако нема да изгледат со бело знаме.
Поддршката од трибините сигурно ќе значи многу за нашите репрезентативки, па затоа и ја повикуваат публиката да дојде во што поголем број да ги поддржи.
„Спремни сме да го оставиме срцето на терен, затоа дојдете да бидете наш осми играч, заедно да дојдеме до победа за Македонија“, е пораката која ја испраќаат.
Натпреварите од групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција (05.11.2022), Холандија (07.11.2022) и Романија (09.11.2022). Сите натпревари ги играме од 18:00 часот.