Повредата на Томислав Јагуриновски се чини дека не е сериозна иако точно ќе се знае откако ќе биде напревена снимка.
Јагуриновски се повреди во финишот од првото полувреме, по што на раце беше изнесен од теренот. Селекторот Лазаров вели дека првиот впечаток на медицинските лица е дека не станува збор за сериозна повреда.
„Првите мислења на медицинскиот тим се дека повредата не би требало да е сериозна. Секако, сега ќе направиме снимки, па ќе знаеме поточно за што се работи. Сепак тој е борбено момче, се надевам ќе го имаме за Холандија. Кога би го немале Јагуриноски би било огромен хендикеп за нас. Тој е сепак малку поискусен од Серафимов, потребен е и во напад и во одбрана“, рече Лазаров.