Натпреварот кој ќе го одлучи новиот ракометен шампион на Македонија во машка конкуренција кој ќе се игра во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар е закажан за во сабота во 19 часот.
Откако Вардар славеше со убедливи 31-24 на натпреварот одигран во Скопје, актуелниот шампион на Македонија си направи мал проблем откако доживеа пораз на гостувањето кај Алкалоид во Автокоманда.
Затоа овој меч директно ќе одлучува за тоа кој ќе биде нов шампион на Македонија, а Еурофарм Пелистер ќе има шанса пред својата публика по долга пауза да го врати трофејот во Битола.