четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познат фаворитот за наследник на Хорват

Познат фаворитот за наследник на Хорват

Хрватската ракометна јавност е гневна на Хрвоје Хорват кој уште еднаш потфрли како селектор, па не донесе очекуван резултат и од Мундијалот во Полска и Шведска. Целта на Хрватска беше пласман барем во четвртфиналето, но на крајот „каубоите“ ќе завршат како деветтопласирани.

Лошиот пласман, но и катастрофалното однесување на самиот Хрвоје Хорват, кој даде помалку скандалозно интервју за „РТЛ“, ќе ги натераат челниците на хрватскиот ракомет да му врачат отказ на стратегот кој не успеа да ги донесе посакуваните резултати за хрватскиот ракомет. Јавноста во Хрватска сега шпекулира дека најсериозен кандидат за негов наследник е искусниот, Горан Перковац кој имаше одлична кариера како играч, но барем досега не водел клубови и репрезентации од врвно ниво. Перковац чиј последен клуб беше Криенс потврди дека разговарал со челниците на Хрватскиот ракометен сојуз и дека е заинтересиран за селекторската позиција.

– Зборувавме пред неколку денови, но ништо конкретно. Заинтересиран сум, но се уште не се залетувам. Тоа е нормално, прво мора да се реши ситуацијата со Хорват. Секогаш сум подготвен да помогнам, но конкретни разговори со Управниот одбор и Сојузот се уште не сум имал, -изјави Перковиќ за „Индекс“.