Машката ракометна селекција се најде во тешка група на СП 2023 во Полска и Шведска. Жрепката сакаше да се паднеме во групата Х, а за ривали ги имаме Норвешка, Аргентина и Холандија.
Првиот меч момците на селекторот Кире Лазаров ќе го одиграат на 13 јануари и тоа против Норвешка, потоа на 15 јануари следува дуелот со Холандија, за да на 17 јануари се среќаваме со селекцијата на Аргентина.
Предвидено е мечевите Македонија да ги игра од 20:30 часот, но секако дека е можно да дојде до измени.
Инаку првите три репрезентации од нашата група ќе “вкрстат“ со најдобрите три селекции од групата Е, а таму се Германија, Србија, Катар и претставникот на Африка.