вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познати групите на ракометниот Супер Глоуб

Познати групите на ракометниот Супер Глоуб

Во периодот од 7 до 12 ноември во Дамам Саудиска Арабија ќе се одржи шеснаесеттото издание на Супер глоуб на ИХФ, второ последователно издание со вкупно дванаесет екипи.

Со оглед на тоа што сите клубови-учеснички се потврдени, последните подготовки за натпреварувањето се на пат и екипите сега ги дознаа противниците во групната фаза.

Дванаесетте клубови учесници беа поделени во четири групи од по три екипи. Само победниците од секоја група ќе напредуваат во нокаут фазата.

Групата А изгледа како најизбалансирана, бидејќи Барселона, најодликуваниот тим во натпреварувањето, кој оваа сезона доби вајлд-карта, ќе се соочи со египетскиот тим Ал-Ахли и домаќинот Ал-Нур. Барселона, која е петкратен победник на ова натпреварување, никогаш не загубила натпревар во групната фаза.

Во групата Б ќе се судрат екипите на Кувајт, Сан Фернандо и Фуксе Берлин, додека во Ц групата, бранителот на титулата и актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, Магдебург за противници ќе ги има Калеј и Универзитет во Квинсленд.

Европскиот вицешамион Кјелце, кој учествува по трет пат во историјата на Супер Глоуб ќе се соочи со бахреинскиот клуб Ал-Најма и американскиот Сан Франциско Калхит во групата Д. Победниците од секоја група ќе се квалификуваат во полуфиналето, а финалето е закажано за недела, 12 ноември.